Реакцијата на РЕК Битола на прес конференцијата на СДСМ Битола

Од:

„Производните капацитети на АД ЕЛЕМ работат во согласност со потребите на тарифните потрошувачи односно на домаќинствата и на субјектите кои се наоѓаат на регулираниот пазар за електрична енергија . Планското исклучување на ТЕ Битола 2 се должи на поволната хидролошка состојба, и потребата во наредниот период да се даде предност на производството од хидроелектраните. Овој термоблок е целосно функционален и подготвен во секој момент да биде вклучен во електроенергетскиот систем доколку тоа биде потребно.

Состојбата на депонијата за јаглен во РЕК Битола е во согласност со плановите за работа за овој период од годината, а ископот на овој енергент се одвива според дневните потреби. Со оглед дека следува период во кој се очекуваат врнежи од дожд, постои потреба од обработка на поголеми количини вода од акумулациите и создавање простор за прием на очекуваните есенски дотеци. Со целосна оптимизација на постојните термо и хидроелектрани, АД ЕЛЕМ во целост ги испорачува планираните количини електрична енергија.

Веќе станаа дегутантни реакциите на одредени политички субјекти кои прават медиумски циркус од сите погонски настани во РЕК Битола, кои во рамките на еден сложен техничко технолошки систем не се ништо необично, туку составен дел од тековното работење на РЕК Битола“, се вели во реакцијата на РЕК Битола на наводите изнесени на прес конференцијата на СДСМ Битола одржана на 19.09.2016г.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски