Реакција на Наумов за Извештајот на Светска банка

Од:

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во соопштение наведува дека податоците во Извештајот на Светска банка се загрижувачки, ако се земе предвид предупредувањето од ММФ дека Македонија не смее да го покачи јавниот долг над 50 отсто од БДП бидејќи ќе има проблеми со сервисирањето на долговите.

– Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, наведува Наумов и додава дека досегашната пракса на задолжувања, негативно се одразува на економијата.

Како што додава Светска банка во Извештајот потврдува дека јавниот долг за 2016 година изнесува 50 проценти и предупредува дека дефицитот од 3,4 проценти покажува дека се носат неразвојни буџети за економијата.

Според него, потребна е власт која ќе работи домаќински, а прв чекор во таа насока мора да биде носење развоен и транспарентен Буџет за 2017 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација