Развојна банка: На оптимално ниво протокот на сообраќај за барања за Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Од:

Во врска со реализацијата на процесот на доставување на кредитни барања за Ковид 3 бескаматната кредитна линија, од Развојната банка известуваат дека протокот на сообраќај е на оптимално ниво.

-Поради големината на сообраќајот во првите 24 часа, која што беше осум пати поголема од сообраќајот за Ковид 2, протокот на е-маил пораките испратени кон kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk беше намален.  Намалениот проток влијаеше на тоа да биде потребен подолг временски период да се обработат пристигнатите е-маил пораки и автоматските одговори кон апликантите се реализираа со одредено задоцнување, појаснуваат во соопштение од Развојната банка.

Наведуваат дека со извршена оптимизација на сообраќајот е значително намален периодот на обработка од испраќање на апликација кон [email protected] до добивање на автоматска повратна порака.

Развојната банка истакнува дека сите кои правиле обид да испратат апликација кон банката, а притоа не добиле автоматска повратна порака, може да ги направат минималните проверки за точноста на е-маил адресата, големината на прилозите, како и дали е-маил пораката е испратена согласно Упатството за аплицирање.

Пристигањето на кредитни апликации во Развојна банка продолжува да се одвива се до 30 декември 2020 година до 23:59 часот, а обработката на кредитните барања ќе започне по завршување на овој период.

Би можело да ве интересира

Нова кредитна линија на Развојната банка наменета за компании за дигитализација и дигитална трансформација

10 милиони евра докапитализација на Развојна банка од страна на државата, наменети за поддршка на домашните компании за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза

Ана Ололовска

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

А1он

Именувани нови членови на Надзорниот одбор на Развојната банка

Ана Ололовска

Развојна банка: 11 декември краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за „Ковид 3“ кредитната линија

Ана Ололовска

Објавен јавен повик за корисниците на „Ковид 3“ кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

А1он