Развојна банка: 11 декември краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за „Ковид 3“ кредитната линија

Од:

Согласно задолжението од Владата и Анексот кон Договорот за администрирање на Фондот за микро и мали претпријатија, Развојната банка на Северна Македонија објави јавен повик со кој се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци.

– Согласно јавниот повик, компаниите треба да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб-страницата на банката. Барањето се прикачува електронски, на веб форма објавена во самиот повик. Како услов за одобрување на барањето за дополнително утврдување на грејс – периодот и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3), се вели во соопштението.

Повикот важи заклучно со 11 декември 2021 година, коа е и последниот ден за поднесување на брањата. Јавниот повик и барањето за дополнителен грејс – период, како и упатството за поднесување на барањето се достапни на следниот линк.

Од Развојната банка на Северна Македонија велат дека поднесеното барање за дополнителен рок и грејс–период, не го елиминира правото во иднина да се поднесе барање за отпуштање на долгот од 30 проценти од износот на кредитот, согласно утврдените критериуми наведени во договорот за кредит.

Би можело да ве интересира

Нова кредитна линија на Развојната банка наменета за компании за дигитализација и дигитална трансформација

10 милиони евра докапитализација на Развојна банка од страна на државата, наменети за поддршка на домашните компании за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза

Ана Ололовска

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

А1он

Именувани нови членови на Надзорниот одбор на Развојната банка

Ана Ололовска

Објавен јавен повик за корисниците на „Ковид 3“ кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

А1он

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на УО на Развојна банка

Ана Ололовска