Објавен јавен повик за корисниците на „Ковид 3“ кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

Од:

Развојна банка на својата веб-страница објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци.

Компаниите имаат рок од 10 дена да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб – страницата на банката. Повикот важи заклучно со 11 декември годинава, кога е и последниот ден за поднесување на барањата.

Како што велат од банката, објавувањето на јавниот повик е согласно задолжението од Владата и Анекс кон договорот за администрирање на фонд за микро и мали претпријатија.

Би можело да ве интересира

Нова кредитна линија на Развојната банка наменета за компании за дигитализација и дигитална трансформација

10 милиони евра докапитализација на Развојна банка од страна на државата, наменети за поддршка на домашните компании за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза

Ана Ололовска

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

А1он

Именувани нови членови на Надзорниот одбор на Развојната банка

Ана Ололовска

Развојна банка: 11 декември краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за „Ковид 3“ кредитната линија

Ана Ололовска

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на УО на Развојна банка

Ана Ололовска