10 милиони евра докапитализација на Развојна банка од страна на државата, наменети за поддршка на домашните компании за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза

Од:

Врз основа на Одлука на Владата на Република Северна Македонија, Службен весник бр. 237 од 07.11.2022 година и Одлука на Собранието на Развојна банка на Северна Македонија бр. 02-4379/1 од 13.12.2022, се изврши зголемување на почетниот капитал на банката во износ од 620.000.000,00 денари односно, издавање на 199.485 обични акции. Со ова, вкупниот капитал и резерви на банката изнесуваат 57.5 милиони евра.

Со докапитализацијата, Развојната банка го зајакнува потенцијалот за понатамошна поддршка на реалниот сектор во државата и можност на македонските компании за полесен пристап до поволни кредити. Средствата од докапитализацијата ќе бидат наменети за продолжување на кредитните линии за инвестиции за енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори на енергија, како една од мерките на државата за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза.

Развојната банка одигра значајна улога во справување со кризите изминатиов период со кои беа соочени домашните компании, преку воведување на бескаматни кредитни линии и кредитни линии со поволни каматни стапки. Енергетската и ценовната криза ја наметнаа потребата од прилагодување на компаниите кон заштеда на енергија преку инвестиции за енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори на енергија кои ќе им обезбедат долгорочна заштеда на трошоци за енергенси, одржливост на пазарот, како и заштита на животната средина. Во таа насока, Развојната банка континуирано ги прилагодува своите производи во насока на поддршка на компаниите во новонастанатите услови на работење.

Би можело да ве интересира

Нова кредитна линија на Развојната банка наменета за компании за дигитализација и дигитална трансформација

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

А1он

Именувани нови членови на Надзорниот одбор на Развојната банка

Ана Ололовска

Развојна банка: 11 декември краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за „Ковид 3“ кредитната линија

Ана Ололовска

Објавен јавен повик за корисниците на „Ковид 3“ кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

А1он

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на УО на Развојна банка

Ана Ололовска