Раст на производството на струја во Албанија од 24,1 отсто

Од:

Минатата година е успешна година во однос на производството на електрична енергија во Албанија, јави дописникот на МИА.

Албанскиот Иститут за статистика (ИНСТАТ) објави дека производството на елекрична енергија во земјата минатата година забележало раст од 24,1 отсто, споредено со 2014 година.

Ова се должи на поволната хидрологија на каскадата на реката Дрим, каде се и трите хидроцентрали „Фиерза“, која е втора по големина на Балканот, како и „Вау те Дејес“ и „Коман“.

– Доброто производство услови и зголемен извоз и намален увоз. Така бруто увозот на електрична енергија опаднал за 29,8 отсто, додека извозот пораснал двојно, објави тиранската телевизија Топ-чанел.

Според ИНСТАТ, три четвртини од произведената елекрична енергија доаѓа на хидроцентралите во државна сопственост, додека една четвртина од приватни субјекти.

Лани потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата во Албанија пораснала за 0,8 проценти, додека кај правните субјекти за 1,5 отсто, споредено со претходната година.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент