Раст на приходите од продажба на „Македонски Телеком“ во првата половина од годината

Од:

Приходите од продажба на „Македонски Телеком“ во првите шест месеци од годинава, во споредба со претходната година, се зголемени за 0,7 отсто и изнесуваат 5.177 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто, заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година, соопшти денеска компанијата.

Оттаму оценуваат дека во првата половина од годината бележат добри резултати наспроти сите предизвици на работењето што ги наметна Ковид-19 пандемијата и потенцираат дека продолжува трендот на раст на бројот на корисниците во сегментот на интернет и телевизија.

– Како резултат на континуираната посветеност за поврзување на корисниците и обезбедување квалитетни услуги и во услови на пандемија, зголемена е базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет за 4,8 отсто, при што вкупниот број изнесува 207 илјади. „Македонски Телеком“ и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 4,7 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите шест месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од над 138 илјади претплатници, стои во соопштението.

Главен приоритет на „Македонски Телеком“ со појавата на Ковид-19 пандемијата, велат од компанијата, беше да обезбеди непречено поврзување на корисниците преку квалитетна и стабилна мрежа во услови на огромна побарувачка за интернет.

– Досегашните преземени активности во изминативе шест месеци од годината подразбираат континуирани и дополнителни инвестиции за зајакнување на капацитетот на мрежата, со цел истовремено да се задоволат зголемените дигитални потреби на корисниците и да се излезе во пресрет на потребите и интересите на сите чинители во општеството. Покрај тоа, обезбедивме и дополнителни вредности, понуди и содржини без надоместоци за корисниците, а како одговорна компанија бевме партнер во проекти со кои општеството полесно ќе се справи со ефектите од пандемијата. „Македонски Телеком“ и понатаму останува посветен да обезбеди непречена комуникација и поврзување на граѓаните, давајќи свој личен придонес за доброто на сите, наведуваат од „Македонски Телеком“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните

Предраг Петровиќ

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

A1on

НБРМ: Се зголеми профитабилноста на корпоративниот сектор во 2022 година, а задолженоста и натаму е во умерени рамки

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он