Раст на цената на златото по најавата дека Г-7 ќе забрани увоз од Русија

Од:

По најавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД и други земји-членки на Г-7 ќе забранат увоз на злато од Русија, денеска порасна цената на благородниот метал на светските берзи.

На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г-7 одлучија да го забранат увозот на руско злато во новиот пакет санкции против Москва поради нејзината инвазија врз Украина.

Втор најголем приход за Москва е од извозот на злато, Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Нафтата падна на 86 долари поради планот за ограничувањето на цената на руската нафта

Катерина Ѓуровски

Г7 денеска ќе расправа за плановите за ограничување на цената на руската нафта

Г-7 со инвестициска иницијатива за намалување на влијанието на Кина

Земјите од Г7 го поддржуваат брзото отворање на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ

Г-7: Сиромашните земји да се ослободат од отплата на долгот и во 2021 година

А1он