Нафтата падна на 86 долари поради планот за ограничувањето на цената на руската нафта

Од:

Цените на суровата нафта денеска паднаа под 86 долари на меѓународните пазари под влијание на информациите дека ценовната граница на руската нафта планирана од групата Г7 треба да биде повисока од нејзината моментална пазарна цена.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 2,82 долари пониска од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 85,54 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 2,62 долари, од 78,33 долари.

Денеска пазарот се фокусираше на информациите дека „лимитот за цената на руската нафта на состанокот на Г7 може да се постави над нивото на кое таа моментално се тргува“, изјави Џовани Стауново од UBS.

Групата од седум најразвиени земји во светот сака да ја ограничи цената на барел руска нафта испорачана со бродови во опсег од 65-70 долари, изјави неименуван европски претставник.

На северозападниот европски пазар барел руска нафта од Урал моментално изнесува 62 до 63 долари, а на медитеранскиот пазар околу 67 до 68 долари, покажуваат податоците на Рефинитив.

Висок функционер на американското Министерство за финансии вчера изјави дека лимитот најверојатно ќе се коригира неколку пати годишно.

Информациите се поврзани со загриженоста за побарувачката во најголемиот увозник на сурова нафта, Кина, поради новиот бран на инфекции со Ковид-19. Шангај ги заостри мерките за борба против Ковид доцна во вторникот навечер.

Тежина е и оценката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) дека растот на светската економија треба силно да забави во следната година.

„Добрата вест е што ОЕЦД не предвидува глобална рецесија“, рече аналитичарот Тамас Варга од PVM Oil Associates.

Вниманието на пазарот сега е свртено кон вечерашното објавување на записниците од ноемврискиот состанок на американската централна банка, барајќи навестувања за можен пад на активноста или дополнително зголемување на каматните стапки, рече Варга.

Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објави дека цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки во вторникот пораснала за 2,02 долари, на 86,20 долари.

Би можело да ве интересира

Паднаа цените на нафтата

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада