Бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид во текот на 2019 година се зголемил на годишно ниво за 14 проценти, на вкупно 2.677.618, објави бизнис порталот СееЊуз.
Порталот, повикувајќи се на соопштение на компанијата Аеродроми на Париз (АДП), наведува дека само лани во декември низ двата аеродроми во земјава минале 196.851 патник, што претставува раст за 15 отсто во однос на истиот месец во 2018 година.
АДП поседува 46,15 отсто од акциите на турската компанија „ТАВ Ерпортс“, која стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.