Рајанер планира да укине 500 до 700 работни места

Од:

Нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер“ планира да укине 500 до 700 работни места, најави денеска извршниот директор Мајкл О`Лири.

– „Рајанер“ има повеќе од 500 пилоти, рече О`Лири, истакнувајќи дека планира да укине од 500 до 700 работни места, меѓу кои и неколку во седиштето на компанијата во Даблин.

Тој додаде дека на некои работници им е понудено неплатено отсуство од 12 месеци, додека други може да започнат да добиваат известување за отказ веќе од следната недела.

„Рајанер“ во Европа вработува околу 17.000 работници, а управата во јули предупреди дека може да укине дури 900 работни места.

Во изминатите две години цената на акциите на „Рајанер“ е речиси преполовена поради низа судири со синдикатите и доцнење на летовите поради приземјувањето на Боинг 737.

О`Лири во февруари најави дека ќе остане уште пет години во најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија. Компанијата ја води 25 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион на Рајанер во борба со невремето, не успеа да слета

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден

Повторно штрајк на вработените во авиокомпанијата Рајанер во Белгија

А1он

Ирскиот премиер Мајкл Мартин поднесе оставка, на негово место доаѓа Лео Варадкар

Ана Ололовска