„Рајанер“ купува 24,9 отсто од акциите на авиокомпанијата на Ники Лауда

Од:

Нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер“ соопшти дека купува 24,9 отсто од акциите на австриската авиокомпанија, основана од поранешниот возач на Формула 1, Ники Лауда.

Планот на „Рајанер“ е да го зголеми својот удел на 75 отсто и доколку добие согласност од ЕУ.

Компанијата „ЛаудаМоушн“ е наследничка на „Флај Ники“, долгогодишна филијала на банкротираниот „Ер Берлин“, кој Лауда го купи откако тој стана жртва на финансиски проблеми на компанијата. Таа компанија планира да врши редовни и чартер летови од Германија, Австрија и Швајцарија, главно до медитеранските дестинации.

Во соопштението се наведува дека вредноста на акциите ќе изнесува помалку од 50 милиони евра, а ќе бидат инвестирани и дополнителни 50 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион на Рајанер во борба со невремето, не успеа да слета

Повторно штрајк на вработените во авиокомпанијата Рајанер во Белгија

А1он

Рајанер: Евтини билети од 10 евра нема да има поради скапото гориво

А1он

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Ана Ололовска

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото

Ана Ололовска

„Рајанер“ ги зголеми проценките за превоз на патници во наредните години

А1он