Рахој: Нема алтернатива за ЕУ и за еврото

Од:

Шпанскиот премиер Маријано Рахој во интервју за винески „Курир“ изјави дека не постои подобра алтернатива за ЕУ и за еврото, додавајќи оти кризата покажала оти е потребна банкарска и фискална унија.

Рахој негира дека Шпанија прерано го вовела еврото, додавајќи оти кога ќе бидат исполнети преземените обврски од економската и монетарната унија, земјата ќе биде посилна.

Рахој посочи дека Шпанија бележи мал економски раст и оти набрзо може да излезе од рецесијата што почна во 2008 година.

– Длабоките реформи и стриктната буџетска политика придонесоа за растот. Таквите радикални мерки сега се покажуваат како исплатливи, истакна Рахој.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Доларот зајакна во однос на еврото

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне