Путин за интензивна стопанска соработка со Германија

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин, во Хановер со германската канцеларка Ангела Меркел, го отвори меѓународниот саем на технологијата, на кој Русија е држава- партнер и се заложи за консеквентна изградба на германско-руските стопански односи и стопански дијалог.

-Светското и европско стопанство за жал е многу кревко – изјави Путин и нагласи дека со зајакнувањето на робната размена е од голема важност за двете држави.

Тој истакна дека лично сака да се ангажира за зајакнување на стопанскиот дијалог, пренесуваат германските медиуми, кои наведоа дека рускиот шеф во Хановер е пречекан со „анти-Путин“ демонстрации.

Канцеларката Меркел истакна дека меѓународната соработка е најдобра доколку постои активно цивилно друштво.

Додаде дека Берлин и Москва мора да го продолжат дијалогот и дека е најважно на невладините организации да им се пружи можност.

Посетата на Путин во Германија поминува во сенката на неодамнешните рации на безбедносните органи во просториите на германските фондации во Москва.

Шефот на државата поради тоа се најде на удар на директни критики од германската влада.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски