Путин: Руската економија закрепнува во многу сектори

Од:

Руската економија започна да закрепнува во голем број сектори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на денешниот состанокт со државниот врв околу економски прашања.

– Навистина, гледаме закрепнување во голем број сектори“, рече Путин, наведувајќи ја како пример динамиката на производството штое приближно до нивото од минатата година во август-септември, објави агенцијата ТАСС.

Тој рече дека е слична состојбата и со сообраќајот на железнички товар, при што домашните испораки бележат благ пораст.

– Сепак, економијата сè уште не е свртена кон одржлив долгорочен раст, заклучи Путин.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски