Првиот човек на „Банката на Кипар“ поднесе оставка

Од:

Претседателот на Управниот совет на најголемата кипарска банкарска институција, „Банката на Кипар“, Андреас Артемис денеска поднесе оставка на функцијата.

За попладнево е закажана седница на Управниот совет на банката на која ќе биде разгледана оставката на Артемис.

Причините за оставката официјално не се соопштени, но според извори во банката, Артемис решил да се повлече во знак на протест затоа што не бил претходно инфромиран за именувањето на нов менаџер на оваа финансиска институција.

Според други извори пак, оставката на Артемис е поврзана со преземањето на филијалите на кипарските банки во Грција од страна на грчката „Пиреус Банка“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска