Угостителите бараат Владата да објави колкава е искористеноста на финансиската помош во секторот

Од:

Владата јавно да ги објави податоците за искористеноста на средствата од финансиската помош во угостителството, како по број на субјекти, така и во апсолутни суми, бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.

Според Комората, само така може да се добие реална слика за димензијата на поддршката која се дава и за очекувањата во наредниот период.

Комората бара и итно донесување прецизни протоколи за работа. Воедно предупредува дека е прашање на недели кога ќе почне да згаснуваат угостителските објекти поради заостанати долгови со што ќе се зголемува и бројот на оние што ќе останат без егзистенција.

– Од околу 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор, само 132 добија комбинирана помош, односно поддршка за плата и неповратен грант за покривање на останатите трошоци. Овој податок покажува дека дел од претпријатијата добија помош само за исплата на плати на вработените, а за другите трошоци, во услови на намалена деловна активност, самостојно обезбедуваа средства 11 месеци, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на комората, Мартин Ангеловски.

Според него, ако навреме и докрај не се решат актуелните проблеми во секторот, последиците ќе бидат дологорчни.

– Охрабруваме за поголема ажурност и свесност за проблемите во кои се наоѓа овој секторот. Иако угостителството во моментов е една од најнепосакуваните дејности, може да се спаси доколку сите бидат на висина на задачата, оцени Ангеловски.

Одговорајќи на новинарско прашање, тој рече дека се е возможно ако се сака. Јануари уште не е поминат, а платите за овој месец се даваат до 15 февруари.

– Ако се донесе петтиот пакет мерки има време сетоа тоа да се спроведе. Инаку, се додека има рестрикции, очекуваме поддршка барем во делот на платите, односно поддршка за вработените. Свесни сме во која држава живееме и колкави се нашите можности. Она пто би помогнало е примерот на многу поразвиени земји кои покриваат до 80 отсто од реализираните приходи во 2019 година. Нашите барања беа многу поскромни и се во правец на намалување на загубите, а не за покривање на трошоците или заработка. Ако добиеме поддршка за плата, тоа е директна помош за вработените. Фирмите на тој начин не добиваат директна помош, истакна Ангеловски.

Комората ќе причека до петок, да помине владиниот состанок и да се види какви одлуки ќе донесе наредната недела Комисијата за заразни болести, а потоа, во консулатација со членството, ќе одлучи како натаму ќе делува.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Зголемени цените на угостителските услуги

За 0,5 отсто поскапеле угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Ана Ололовска

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

Ана Ололовска

Бизнисот бара ревидирање на мерките

Ана Ололовска