Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе ја промовира новата електронска продавница наменета за алтернативен туризам во Република Македонија, „Резервирај ме“ www.rezervirajme.com.
Новата електронска продавница е во рамки на Проектот за развој и промоција на е-трговијата во Република Македонија.
Промоцијата на е-продавницата ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.