Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе го промовира новиот Create Hub поддржан од Програмата за зголемување пазарна вработливост – ИМЕ.
Create Hub има цел да го поттикне економскиот раст и развој преку поддршка и мотивација на младите луѓе и жените да инвестираат во Република Македонија и да ги реализираат своите креативни и инвентивни бизнис идеи.
На промоцијата најавено е обраќање на извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Швајцарија, Стефан Томаџан и директорот на фондацијата ПРЕДА Плус, Марјан Степановски.