Продолжуваат протестите пред „Повардарие“ поради неплатено грозје

Од:

Продолжуваат протестите на лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје. Тие се закануваат дека доколку не ги добијат парите, ќе ги блокираат и патиштата од Неготино кон Штип и Кавадарци.

– Народот е собран тука бидејќи има проблеми, апсолутно винарската визба не е во право, бидејќи не го исплаќа грозјето на самите лозари кои имаат за земање пари за род од 2014, 2015 и 2016 година. Од моја страна лично имаат целосна поддршка заради тоа што луѓето се во право, дале роба, а пари нема, изјави Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”.

Лозарите се пожалија дека имаат пари за земање. Според нив, станува збор за огромни суми пари.

– Само не лажат ни пуштаат по 5.000 денари на трите месеци како социјална помош, срамота е ова што се прави, реагираа лозарите.

Тие побараа да дојде финансиска полиција да ја преиспита целата ситуација, бидејќи, како што наведуваат, грозјето било откупено, а неплатено.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Ана Ололовска