Продолжуваат преговорите помеѓу Силуанов и Сарис

Од:

 Преговорите меѓу министрите за финансии на Русија и Кипар продолжуваат и денеска, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис изјави дека државата сака руска помош. Силуанов и Сарис и вчера имаа разговори во кои учествуваше и првиот вицепремиер на Русија Игор Шувалов и кои беа оценети како „многу добри, контруктивни и многу чесни“.

Рускиот премиер Медведев смета дека еврогрупата би можела да анализира понатамошни планови за помош на Кипар со учество на Русија.

– Еврогрупата би можела да разгледа понатамошни планови за Кипар со учество на сите заинтересирани држави, вклучително и Русија, нагласи Медведев.

Финансискиот систем на Кипар е на раб на распад и вчера локалните банки останаа затворени во момент кога европските институции упатија закани дека за неколку дена може да почнат да ја повлекуваат поддршката за државата, објави Дејли телеграф.

Весникот наведува дека Кипарската централна банка ги предупредила кредиторите дека нема да работи најмалку до вторник, што ги засилува шпекулациите дека островската држава ќе биде првата која ќе ја напушти еврозоната.

Од друга страна официјални претставници на Европската централна банка велат дека може да има прекин во работата на кипарските банки ако Кипар не прифати услови за кредит за економски спас.

Според Кристијан Клаусен, претседател на Федерацијата на европски банки, треба да биде изнајден начин за отворање на кипарските банки пред да биде предоцна.

– Се треба да се реши многу брзо. Во прашање се неколку дена, пред да биде премногу доцна, изјави тој.

Весникот објавува мислење и на Хунг Тран, заменик директор на Институтот за меѓународни финансии, кој вели дека „симболиката“ на затворени банки е од исклучително значење.

– Ризикот е дека би имало повлекување депозити вон Кипар, вели тој.

Весникот Фајненшал тајмс објавува изјави на рускиот премиер Дммитриј Медведев според кого планот за одданочување на банкарски депозити е истата мерка која ги вознемирувала штедачите во времето на Советскиот сојуз. Весникот нагласува дека Москва не дала се уште никакви конкретни предлози за помош на Никозија.

– Европските лидери со сигурност знаат дека преземаат голем ризик со Кипар, бидејќи опасноста е очигледна. Сега кога мора секој кој има пари во кипарски банки да поднесе удар, штедачите во Европа може да укажат дека е направен опасен преседан. Наместо да поднесат мал ризик од несаканата финансиска мерка, во иднина клиентите на грчки, шпански, португалски или италијански банки може да изберат да ги повлечат парите. Ако тоа почне, еврозоната одново ќе биде во криза и тоа со уште поголем интензитет, наведува во коментар весникот.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски