Продолжен рокот за јавните повици за продажба на ОХИС и Еурокомпозит

Од:

Крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавните повици за продажба на АД ОХИС-Скопје и на „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп е 16 април годинава, додека крајниот рок за доставување понуди за Еурокомпозит истекува на 18 април во 13 часот, а за ОХИС на 19 април во 13 часот.

Вака, информира Министерството за економија, одлучи Владата на последната седница одржана на 28 декември минатата година.

– Со оглед на наближувањето на датумот на објавување на Одлуката за распишување на локалните избори, продолжувањето на роковите по овие два јавни повици е согласно членот 11 ставот 3 од Законот за спречување на корупцијата кој гласи: „Од денот на донесување на Одлуката за распишување избори, па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и на градот Скопје не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавните фондови, ниту да се отуѓува државен капитал“, соопшти Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции