Продолжен рокот за аплицирање на повиците од четвртиот сет мерки за секторите туризам и угостителство

Од:

До 4 декември годинава е продолжен рокот за аплицирање за објавените јавни повици од четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од Ковид-19 кризата во секторите туризам и угостителство, информира Министерството за економија.

Рокот се продолжува за јавните повици за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, за издавање грантови за лиценцирани туристички агенции, за издавање грантови за лиценцирани туристички водичи, за издавање грантови за игротеки и за издавање на грантови за ресторани за свадби што беа објавени на 16 ноември годинава на веб-страницата на Министерството за економија, прецизираат од ресорното министерство.

Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“, а повеќе детали може да се најдат на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2867

Би можело да ве интересира

НУК: Унифицирани протоколи за работа, но не и ограничување на работното време

Ана Ололовска

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност

Ана Ололовска

Угостителските услуги лани поскапеле за 0,4 отсто

Ана Ололовска

Туристичките водичи бараат да им се регулира статусот, се сретнаа со министерката Шахпаска

Жарко Настоски

ВИДЕО: По празните улици за дочекот на 2021, раздвижено на кејот во Охрид

Кристијан Ландов

НУК ги поздравува најавите за петти сет антикризни мерки и очекува покана за средба

Ана Ололовска