Причините за сиромаштија кај децата во богатите земји

Од:

И во богатите индустриски земји има се повеќе деца кои живеат во релативна сиромаштија. Основна причина за таа појава е економската и финансиска криза, пренесе УНИЦЕФ во својот извештај. Но, тоа не е единствена причина.

– Децата на рецесијата – е наслов кој УНИЦЕФ го даде на својот извештај за децата во богатите земји. Економската и финансиска криза изминатите години во многу земји доведе до намалување на трошоците и остри резови во социјалните институции. Со тие м ерки најтешко е погодена младата генерација. Во 41 земја кои важат како најбогати, 76,5 милиони деца живеат во релативна сиромаштија; што значи дека нивните семејства располагаат со помалку од 60 отсто од просечна плата. Во Грција, Литванија и Шпанија тоа се однесува на над 36 отсто деца, во САД 32 отсто, а во Италија 30 отсто.

Следните пет причини на посебен начин го зголемуваат ризикот за сиромаштија кај децата:

1. Невработеноста

За време на финансиската криза, во многу индустриски земји дојде до нагло зголемување на бројот на невработените, посебно во јужна Европа. Долготрајната невработеност речиси по правило зад себе повлекува и социјален пад. Кога родителите ќе ја изгубат работата, децата страдаат на повеќе начини. – Децата се исплашени и вознемирени кога родителите остануваат без работа – пишува во извештајот. Таа состојба многу често негативно се одразува на успехот во училиштето, а тоа ја зголемува нервозата дома. Во Грција 21 отсто испитани деца изјавиле дека еден од родителите ја изгибул работата за време на финансиската криза, 27 отсто велат дека зачестиле расправиите во семејството за време на кризата.

2. Според државната поддршка

Наспроти кризата, на некои влади им успеа да ја намалат сиромаштијата кај децата во нивните земји. Падот на стопанството не значи обавезно и пад на стандардот во кој живеат децата. Од 2008 до 2012 година процентот на сиромаштијата меѓу децата во Чиле, Полска, Австралија и Словачка многу се намалил. Во Германија остана ист. Меѓутоа, порасна на Исланд, во Грција, Литванија, Хрватска и Ирска. ИНИЦЕФ смета дека тоа е последица на различниот однос на некои држави кон семејството. Додека во некои земји трошоците за децата и семејството многу се намалени, во други, наспроти дефицитот во буџетот, се најдоа средства за помош.

3. Самохрани родители

Сиромаштијата посебно ги загрозува децата на самохраните родители. Една од причините за тоа е недостиг на соодветна старателска понуда во многу земји. Самохраните родители често имаат само пола работно место, а во некои фази воопшто не можат да работат, што значи дека имаат и многу помалку пари. Ако самохраниот родител изгуби работа, не постои друга плата во семејството кое може некако да го намали падот на животните квалитети.

4. Странско потекло

Децата со мигрантско потекло најчесто се изложени на поголем ризик од сиромаштија од другите деца. Мигрантите често мора да борат со јазични пречки, а дипломите и квалификациите често не им се признаваат, што ги оневозможува да најдат подобро платена работа. Економската и финансиската криза во многу земји тешко ги погодија мигрантските семејства. Во Грција меѓу тие семејства процентот на сиромаштија се зголеми за 35 отсто, додека во други семејства зголемен е за 15 отсто.

5. Многу браќа и сестри

Браќата и сестрите го збогатуваат животот на децата, но истовремено го зголемуваат ризикот за семејството. Потребата за станбен простор, облека, храна и училишна опрема се зголемува со секое ново родено дете. Според податоците на УНИЦЕФ, домаќинствата со две деца имаат и до 40 отсто поголеми трошоци од двојките без деца. Грижата за децата станува поголема и одзема многу време, водење на грижа за домаќинството и семејствата сами по себе веќе бараат полно работно време. Помош од државата во вид на детски додаток, бесплатна грижа за децата или училиштата со целодневен престој, можат да го намалат товарот кој е на семејствата со повеќе деца.

УНИЦЕФ предлага различни мерки за спречување на детската сиромаштија. Во нив спаѓаат воведување на долна граница на платите на семејствата, мерки за интегрирање на семејства во пазарот на трудот и инвестирање во образованието во раното детство. Среќата на децата не е основна заповест само од етички причини: иднината на една земја зависи од нејзините млади генерации.

 

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов