Претседателот на Португалија побара итен договор за реформите согласно спасувачкиот кредит

Од:

Претседателот Анибал Каваку Силва побара вчера од владејачката коалиција и опозициските социјалисти итно да постигнат спогодба за планот за реформи, кои се услов за одобрениот спасувачки кредит.

Според претседателот многупартискиот договор треба да вклучува датум за предвремени избори, чија подготовка ќе се совпадне со излегувањето на земјата од кризата и враќање на пазарите, планирано за јуни следната година.

Доколку Владата успее да ги заврши своите обврси до тој рок, следните редовни избори во Португалија ќе бидат на крајот на 2015 година.

Минатата недела во владејачката коалиција на Социјалдемократската и Народната партија изби спор по повлекувањето на министерот за надворешни работи Паулу Порташ од помладиот партнер Народната партија. Конфлиткот во коалицијата претставува закана за мерките, планирани согласно кредитната линија од 78 милијарди евра, отпуштени од ЕУ и ММФ.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски