Претседателката на КХВ, Нора Алити: Со изолација не може да се постигне доверба и интегритет на пазарот на капитал

Од:

Денеска во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржува дваесет и втората Годишна конференција. Овој форум на кој се анализира што донесе 2023 година и како понатаму да се развива пазарот на капитал на едно место ги собра претставниците на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите, и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност.
Конференцијата со воведни обраќања ја отворија министерот за финансии д-р. Фатмир Бесими, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев.

Во оваа прилика, претседателката на КХВ, м-р. Алити меѓу другото рече:

– Во 2023 година интензивно работевме да ги финализираме текстовите на Законот за финансиски инструменти и на Законот за проспект и обврски за транспарентност на издавачите. Очекувањата се дека многу скоро новата регулатива за пазарот на капитал ќе биде во собраниска процедура која што ќе биде со одложена примена. Односно, по усвојувањето на законите ќе имаме 18 месеци за изработка на под законската регулатива и за усогласување на нашето работење. Ни претстои обемна правна реформа која овозможува да имаме исти правила за инвеститорите и за пазарните учесници со правилата на земјите членки, засилена правна заштита и поголема транспарентност – рече Алити.

Според Алити, Комисијата за хартии од вредност ќе добие нови, сеопфатни овластувања какви што имаат европските регулаторни тела, со цел поефикасно справување со предизвиците од широкиот опсег на услуги и активности, предвидени со новата регулатива.

– Несомнено, со модернизацијата на регулативата правиме голем исчекор во правец на ЕУ интегрираноста на нашиот пазар на капитал. Тоа е патот на успехот. За да го постигнеме, неопходно е да ја осигураме евро перспективата на земјата, како најсилна гаранција за економскиот развој, продолжи претседателката на КХВ.

Сепак Алити истакна дека довербата и интегритетот не можат да се постигнат во изолација, само со законите и со правилата.

– Само доколку секоја компонента на екосистемот на пазарот на капитал – почнувајќи од инвеститорите, експертите, полиси мејкерите, регулаторот, овластените пазарни учесници, давателите односно провајдерите на пазарната инфраструктура, котираните компании и др, работaт колективно и заеднички, тогаш ќе го постигнеме тоа, заклучи Претседателката на КХВ.

Би можело да ве интересира

Објавени добитниците на првите годишни награди на Македонска берза за 2021

А1он

Стопанската комора бара од „Македонска берза“ одложување на новите правила за котација и кодекс за управување

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава

А1он

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

На „Инвеститорскиот ден“ на Берзата склучени 339 трансакции

Жарко Настоски

Берзата го продолжи бесплатното користење на „eTrader“ за инвеститорите

Ана Ололовска