Берзата го продолжи бесплатното користење на „eTrader“ за инвеститорите

Од:

Одборот на директори одлучи продуктот на Македонската берза за електронско тргување преку интернет „eTrader“ – што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и им овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30 септември оваа година.

Како што информираат денеска од Македонската берза, надоместокот за користење на овој продукт нема да се наплатува до крајот на септември оваа година.

-И во оваа прилика, апелираме до сите инвеститори во хартии од вредност што помасовно да ги користат електронските налози за тргување со хартии од вредност, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader во настанатите околности, предизвикани од вирусот КОВИД-19, соопшти Македонската берза.

За подетални информации околу користење на eTrader, како што се наведува во соопштение, инвеститорите треба да се обратат кај својот брокер.

Би можело да ве интересира

Светските берзи „паднаа“ за околу 20 отсто во 2022 година, најмногу од 2008 година

Горан Наумовски

Пад на светските берзи, се чекаат одлуките на централните банки за каматните стапки

Силен раст на светските берзи

Горан Наумовски

Доларот слабее трета седмица по ред

Светските берзи пораснаа по три недели остар пад

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

А1он