Препораки за користење на услугите на ЕВН за заштита на корисниците и вработените од коронавирус

Од:

ЕВН е компанија која има голема одговорност при вонредни состојби во земјата и специфични услови за работа. Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците. Токму затоа приоритет во овој момент е заштитата на корисниците и вработените од ширење на вирусот корона.

За да се придонесе кон заштита на јавното здравје и да се делува на спречување на ширењето на вирусот ги молиме корисниците посетите на приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ во Скопје да се намалат на минимум. Доколку доаѓањето е неопходно и неодложно, замолуваме да се почитува електронскиот систем за ред на чекање, да се чека на отворен простор пред канцелариите, пред да влезат да ги дезинфицираат рацете и да се држи меѓусебно растојание од најмалку 1,5 метри.

Додека важат мерките за заштита нема да работат приемната канцеларија на ЕВН во Дебар и наплатниот пункт во Гостивар. Ги замолуваме корисниците да ги користат онлине услугите на ЕВН. На порталот www.evnonline.mk , без да се регистрираат корисниците може: да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури. Со регистрација на профилот достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање за потврда за успешно плаќање.

Покрај мерките за заштита на корисниците ЕВН ги засили и мерките за заштита на човечките ресурси. Строго се применуваат внатрешните процедури за заштита од ширење на вирусот и во целост се применуваат владините мерки и препораки. Најважно е вработените да останат здрави и работоспособни за да може да го одржуваат дистрибутивниот систем. ЕВН ќе го одложи и исклучувањето на корисниците за неплатени сметки додека траат вонредните мерки.

Корисниците ги замолуваме овие препораки да ги разберат како заеднички придонес кон заштита на здравјето. Тие се неизбежни за да останеме сите заедно во добро здравје.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он