Преполовен растот во еврозоната во вториот квартал

Од:

Економскиот раст во еврозоната во вториот квартал од годината е преполовен заради падот на германската економија и забавувањето на трговијата, покажаа денеска објавените резултати од европската служба за статистика, Евростат.

Бруто домашниот производ во еврозоната во второто тримесечје нарасна за 0,2 отсто, по растот од 0,4 отсто во првите три месеци од годината, соопшти Евростат.

Најновите податоци се поклопуваат со прелиминарните проценки и пазарни очекувања, и ги потврдуваат мрачните перспективи поврзани со 19-члената еврозона која се соочува со неизвесноста околу Брегзит и глобалните трговски спорови, пренесуваат британските медиуми.

И трговијата во евроозната е забавена во текот на вториот квартал од годината, при што увозот е зголемен помалку отколку во првиот квартал, додека извозот стагинара по растот од 0,9 отсто во претходниот тримесечен период.

Генерално земено, трговијата придонела во намалувањето на БДП-то за 0,1 отсто.

Евростат, исто така, потврди дека е забавен и растот на вработувањата во еврозоната и тоа на стапка од 0,2 отсто, во однос на 0,4 отсто во првото тримесечеје.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски