Преку 500 барања за обесштетување во Делчево

Од:

Вкупно 520 барања за обесштетување од пролетните мразеви се поднесени до денеска во Делчево, соопшти Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Најголем дел од барањата се за сливите, оревите и кајсиите кај кои штетите достигнуваат и 100 отсто.

– До среда, 10 мај, кога истекува рокот за поднесување барања, очекуваме штети да пријават 700 овоштари од Делчево и Македонска Каменица. Од она што го имаме досега, кај сливите уништувањето е 80 – 100 проценти, исто така целосно уништување има и кај оревите и кајсиите, додека кај вишните штетите се движат од 30 до 40 отсто. Засега нема штети кај лешниците, изјави Драган Христов од Подрачната единица.

Тој ги повика овоштарите да го испочитуваат рокот за поднесување барања.

– Овоштарите треба да достават имотен лист во два примерока, се признава и стар имотен лист, фотокопија од лична карта, трансакциска сметка. Кај нас се пополнуваат барање и изјава за користење лични податоци, по што Комисијата излегува на терен да ја согледа фактичката состојба, објасни Христов.

Формирани се, рече, четири комисии, една за Општина Македонска Каменица и три за Делчево. Од направениот увид се прави записник, а потоа комплетната документација се доставува во МЗШВ.

Во Подрачната единица во Берово, пак, досега 200 овоштари пријавиле штети од пролетните мразеви.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија