Прекинот во извозот на нафта Либија досега ја чини 1,3 милијарда долари

Од:

Либиската државна нафтена компанија (НОК) соопшти дека прекинот на извозот на нафта во оваа земја заради затворањето на нафтените полиња и пристаништа досега предизвика загуби поголеми од 1,3 милијарди долари, јави Ксинхуа.

Племенските поглавари од источна Либија неодамна ги затворија пристаништата за извоз на нафта, обвинувајќи ја владата што е поддржана од Обединетите нации дека приходите ги користи за подршка на вооружените групи против војската од истокот, на генералот Калифа Хафтар.

Војската на Хафтар уште од април минатата година тргна во офанзива за заземање на Триполи од владата на Националното единство на Фајез ал-Сараџ, која е поддржана од ОН, пренесе Фена

НОК во понеделникот најави прекин на работата на локалната рафинерија во западна Либија заради затворање на јужното нафтено поле Шарара.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Турција и Либија потпишаа енергетски договор, Грција и Египет го оспоруваат

Катерина Ѓуровски

Либиски новинар осуден на 15 години затвор

Предраг Петровиќ

Големи загуби во производството на либиската нафтена корпорација

А1он

Eрдоган ја зголеми поддршката за либиската Влада

А1он

Ердоган: Во Либија има сириски милитанти