Преговорите на министрите за финансии на Русија и Кипар ќе продолжат на друго место, нема договор за кредит од Москва

Од:

Преговорите на министрите за финансии на Русија и Кипар ќе продолжат на друго место, откако не е постигнат договор за кредитот од Москва, изјави кипарскиот министер Михалис Сарис по средбата со неговиот руски колега Антон Силванов.

Според него, биле одржани „чесни разговори“ и дијалогот бил конструктивен, при што била нагласена многу тешката ситуација.

– Немаше предлози, ништо конкретно. Задоволни сме од добриот почеток, истакна Сарис.

Кипар бара од Русија продолжување на петгодишниот рок за исплаќање на кредитот од 2,5 милиони евра, кој Москва и го одобри на Никозија во 2011 година и кој треба да биде вратен до 2016 година.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар