Предлози за нов информациски систем за управување во патниот и товарниот сообраќај

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за транспорт и врски денеска организираат презентација на предложените решенија пристигнати на повикот за изнаоѓање иновативно решение за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај „ПристАПП транспорт“.

Решението треба да опфаќа структура на целокупната функционалност и техничка архитектура за електронско аплицирање на транспортните компании и управување со процесите за добивање на дозволи и решенија преку електронски систем од страна на Министерството за транспорт.

Максималниот буџет на предлог проектот може да изнесува пет милиони денари, износ кој целосно ќе биде покриен од ФИТР.

Јавниот повик за финансирање проекти беше отворен од 18 април до 20 мај годинава. Целта е олеснување на пристапот до јавни услуги од страна на граѓаните, како и поголема ефикасност и транспарентност во работењето на јавниот сектор.

На презентацијата на проектите се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

Петчлена комисија составена од претставници на различни релевантни институции беше вклучена во целиот процес и ќе прави финална селекција по завршување на презентациите од страна на компаниите.

Комисијата ја сочинуваат претставници на ФИТР, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, и од министерствата за транспорт и врски и за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска