Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари, Мицковски до СДСМ за просечната плата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше прашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата.

Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле.

Како пример, Мицкоски ја зема цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари.
„Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму. Нема ниту еден индикатор кој што оди во прилог на ова тврдење на СДСМ и ДУИ и поради тоа, за многу кратко време од денеска, народот ќе даде одговор на сите овие лажни пораки и на СДСМ и на ДУИ“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

Премиерот подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место