Премиерот подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив. Ова беше истакнато во неговиот одговор на новинарско прашање за одбивањето на поканата за средба од страна на родителите, како и дека тие претходно го имале покането на средба во Кочани.

– Жалам што е таква одлуката. Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани и апсолутно ќе сторам и како што правев досега се за да им помогнам онолку, колку што можам да им помогнам. Но, исто така морам да кажам дека сум имал покана да појдам таму и на ваков состанок да поразговарам е лага. Такво нешто нема. Но, еве без разлика ако е ова покана кажувам дека ќе појдам во Кочани и ќе разговарам, ќе се организираме и ќе се договориме. Така да мене не ми претставува никаков проблем, изјави Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања.

Мицкоски порача дека стои на располагање на семејствата на загинатите и на повредените во кочанската дискотека и оти овој случај не треба да добие призма на политика.

– Јас во Кочани неколку пати бев и дента кога се случи тој хорор и сето тоа коешто понатаму следеше. Но, не сакам сега јас за тоа многу да зборам, бидејќи за мене овој случај не треба да добие призма на естрада, за жал некои политички глодари и некрофили се обидуваат тоа да го направата од опозицијата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа е нивна работа и како што рече ако тие одлучиле со некрофилија и политичко глодарство да добијат политички поени се лажат и за неколку месеци од денеска тоа ќе го видат.

– А еве јас јавно кажувам ја прифаќам поканата, немам јас проблем да појдам и да седам и да разговарам и онолку колку што е потребно да разговарам и да помогнам било што, што можам да помогнам, само на тие луѓе колку -толку да успеам таа болка да им ја ублажам, изјави Мицкоски.

Во писмено соопштение на 9 мај родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“ информираа дека поканата за средба во Владата на 13 мај 2025 година во 15.00 часот во Скопје не ја прифаќаат поради нејзиното доцнење.

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски