Повисоки цените на индустриските производи на домашниот пазар на годишно ниво

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември се пониски за 0,1 процент на месечно ниво и повисоки за 1,2 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во септември во споредба со август годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,5 проценти.

Во септември годинава во споредба со септември лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите: „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,8 проценти, „капитални производи“ за 1,4 проценти, „енергија“ за 1,5 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

Се предлага трговците да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници

Што растеше побрзо – платите или цените?

Намален прометот во индустријата

Заврши новогодишната кошничка, денеска ќе се знае дали цените ќе се вратат на старо

Горан Наумовски