Повеќе од 30 нови вработувања во ФЕНИ Индустри

Од:

Во ФЕНИ Индустри во тек е вработување на повеќе од 30 лица. Се бараат инженери, електричари, механичари, ракувачи на градежни машини, оператори, техничари и други струки.

Од компанијата информираат дека заради потребите на ГСОЛ/ Еуроникел, комбинатот ги проширува своите капацитети што наметнува потреба од зголемување на бројот на вработени и дополнителен ангажман на работна сила и покрај тоа што технички фабриката сè уште е во стечај.

Оттаму додаваат дека откако ГСОЛ/ЕуроНикел го рестартираше производството во ФЕНИ Индустри, сите вработени ги задржаа своите работни места и започна континуирано да бележи подобрување на општата состојба и позитивни промени.

– Отворањето нови работни места е уште еден во низата силни и фактички показатели дека ФЕНИ е на пат повторно да го стекне својот статус на голем капацитет за производство на фероникел. Вложивме многу и инвестиравме за да дојдеме до овие резултати, а сето досегашно направено и постигнато е само преодна фаза. Со планот за реорганизација предвидени се крупни инвестиции кои ќе дадат дополнителен поттик на производниот процес и уште повеќе ќе ја осигураат иднината за комбинатот и ќе ги задоволат очекувањата на вработените и на целокупната заедница, изјави Герасим Кујунџиев, директор на ЕуроНикел.

Во соопштението истакнуваат дека Комбинатот е во полн производен капацитет со една производна линија, извозот континуирано расте, на вработените редовно им се исплаќа плата која што во просек изнесува 29.000 денари, а од компанијата најавуваат и дополнително зголемување. Вработените се надеваат на што побрзо комплетирање на стечајната постапка, за што јасно го искажаа својот став на последното судско рочиште и влегување во новата светла фаза која му претстои на ФЕНИ.

Во соопштението оценуваат дека со потпишувањето на договорот за закуп започна процесот за успешно рестартирање на ФЕНИ, со што ГСОЛ/ ЕуроНикел инвестираше повеќе од 60 милиони евра и со откупување на побарувањата стана најголем доверител во кавадаречката компанија, а инвестираше и дополнителни 20 милиони евра за рестарт на компанијата. Интересите на ГСОЛ/ ЕуроНикел, како што наведуваат, се поткрепени и со планот за реорганизација според кој во следниот период планирана е дополнителна инвестиција од 15 до 20 милиони евра во реконструкција на втората печка, а нејзиното рестартирање ќе ги зголеми производствените капацитети и норми од 19.000 до 21.000 тони никел годишно. Составен дел од планот за реорганизација се и натамошни инвестиции, зголемувањето на платите на вработените, но и на бројот на вработени, извозна експанзија и проширување на пазарите за пласман.

ГСОЛ, стои во соопштението, преку своето претставништво ЕуроНикел планира да го врати некогашниот статус на ФЕНИ – најголем производител на фероникел во Европа.

Би можело да ве интересира

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска