Поумерен раст на економијата во Азија во 2014 и 2015 година

Од:

Влијателни сингапурски финансиски инвестиции денеска ги потврдија најавите дека оваа и идната година растот на економијата во Југоисточна Азија ќе биде со нешто помало темпо во споредба со последните пет години.

Меѓутоа, регионот, заедно со економиите на Кина и Индија, останува водечки фактор во позитивниот развој на глобалните економски показатели.

Во Сингапур, каде што е најголемата концентрација на финанискиот капитал во овој дел на светот, предвидуваат просечен раст на стопанските показатели за пет до седум отсто на ниво на регионот.

Индонезија и Сингапур, според сегашните проценки, ќе имаат најдинамичен двоцифрен развој. Ако се смират состојбите во Тајланд и во таа држава може да се очекува позначаен раст во стопанството, а слична е и проценката за економиите на Мјанмар и Камбоџа.

Најголеми инвеститори во регионов во овие две години ќе бидат Кина, Јапонија и Русија, од каде што државите на Југоисточна Азија очекуваат приливи од речиси сто милијарди долари годишно.

Забрзаниот локален развој, според сингапурските финансиски експерти, ќе биде компензација за намалената побарувачка на производи, бидејки, како што се наведува, пазарите на Европа и САД се уште не се доволно опоравени за да можат повторно да бидат големи трговски партнери.

Би можело да ве интересира

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година