Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

Од:

Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа.

Параф на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и директоот на АД Мепсо Зухди Енуз. На потпишувањето на договорот присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Средствата ќе бидат искористени во рамки на проектот за изградба на трафостаница и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени.

Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР а 7,6 милиони евра се обезбедени од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот фонд.

Би можело да ве интересира

AA: Братучедот на Меџити, синот на Иванов и сопругата на организаторот на 27 април на чело на МЕПСО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Бетмен ќе прават на надзор во МЕПСО

Горан Наумовски

Бурим Љатифи нов директор на МЕПСО, назначени и членови на Надзорниот и Управниот одбор

Катерина Ѓуровски

МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери тврди ВМРО-ДПМНЕ

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО