Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Од:

Раководството на СДС и ДУИ во МЕПСО дозволиле фирмата Шанси Инвест да биде фирма на која ќе и исплатат аванс од 20%, за набавка на уредот за корекција на напонски профил, иако истата од 2019 до 2023 година нема приходи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Шанси инвест првите приходи ги има во 2023 година, и тоа верувале или не само 18.000 денари. Истата оваа Шанси инвест во 2024 година добива тендер од МЕПСО под СДС и ДУИ од 10 милиони евра, сврзана со Далековод АД Загреб, кои очигледно ги користале за референци. И не само што МЕПСО доделило набавка од 10 милиони евра на Конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб, туку и во договорот се согласило аванс од 20% да исплати на Шанси инвест, фирма која 5 години нема никаков приход. МЕПСО под СДС и ДУИ се согласиле да префрлат 1.87 милиони евра на Шанси инвест како аванс. ЈО не треба да чека, и веднаш да отвори истрага. Очекуваме одговорност, рече Петрушевски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

(ВИДЕО) Петрушевски: Аки Акиов, тепачот од Кочани е човек на Заев и Филипче

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар

(ВИДЕО) Петрушевски: Венко Филипче е срам за Македонија

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

(ВИДЕО) Петрушевски: На управителот на бугарски фирми Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија