МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Од:

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем. Одлуката, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена на вонреден состанок на министерката Божиновска со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.

– Овие два дена во Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, разговаравме со колегите од регионот и се координиравме околу мерките што сите земји мора да ги преземат за стабилен систем. Како што веќе информиравме, со координација меѓу сите клучни енергетски чинители и по насока на ENTSO-E, МЕПСО веќе примени дел од тие мерки за велигденските празници и успеавме да го неутрализираме ризикот од блек-аут – граѓаните имаа непречено снабдување со електрична енергија. Проценките се дека ваквата состојба ќе продолжи и за престојните првомајски празници и затоа е неопходно овие мерки повторно да се активираат, изјави министерката Божиновска.

Оваа мерка, која првпат беше применета за време на велигденските празници, подразбира привремено исклучување на фотоволтаични електрани со цел да се растовари електроенергетската мрежа и да се овозможи сигурно управување со системот во услови на зголемени флуктуации и оптоварување.

Мерките предвидуваат примена на корективни диспечерски интервенции, односно привремено и наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните електрани поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе има целосна можност да го раководи системот и да ја обезбеди неговата стабилност, информира МЕР.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Божиновска: Политичкото несогласување не е незаконитост, обвинувањата мора да се докажат

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

„Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност“

А1он

Нерешен имот, доцнење на инвестиции и спорни вработувања во МЕПСО

Катерина Ѓуровски