Потпишан договор од областа на даночните прашања со Аргентина

Од:

Договор за размена на информации за даночни прашања помеѓу Република Македонија и Аргентинската Република, со кој се овозможува меѓусебна билатерална поддршка која е релевантна за администрирање и спроведување на домашните закони во врска со даноците потпиша вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Главната даночна управа  Рикардо Ешегереј, вчера во Буенос Аирес.

Со Договорот се создава правна рамка за меѓуинституционална соработка, утврдување, проценка и наплата на даноците, на даночни побарувања или пак испитување на даночни прашања.

– Преку потпишување на овој договор и фактите што ги споменав за Македонија ќе го зголемат вашето внимание за соработка со земјата и ние сме тука да им помогнеме на сите оние кои сакаат да соработуваат на полето на бизнисот со Македонија. Денеска е првиот чекор во зајакнување на соработката на полето на даноци и царина, а следниот чекор би требало да биде договор за размена на информации во областа на царината, изјави вицепремиерот Ставрески.

Директорот Ешегереј даде позитивна оценка за нашите даночни политики и пракси, истакнувајќи ја нивната едноставност, кредибилност и ефективност, како и сегментот на поддршка на економскиот развој кој се овозможува преку нивното континуирано намалување.

Тој истакна дека фискалната и даночна политика во Македонија е интересна особено за оние што сакаат да инвестираат во неа, а која претставува порта за влез во Европа. – Преку потпишување на овој договор Македонија влегува во мрежата на земји со кои соработуваме, а понатаму ќе ја разгледаме можноста за потпишување договор на полето на царината. Со ова ја поставивме основата за поинтензивна соработка, истакна Ешергереј.

Договорот нуди правна основа за понатамошен прогрес во договорното уредување на теми од областа на фискалните политики меѓу двете земји.

На средбата посета во Главната даночна управа на Аргентинската Република беше истакната значајноста на овој договор од аспект на потврдувањето на транспарентноста на постапувањето во овие сфери во двете земји.

Од македонска страна беше претставен даночниот модел кој се применува во нашата земја и неговата димензионираност во насока на остварување на програмските цели на Владата.

Беше изразена политичка волја и договорено во идниот период да се динамизира постапувањето во насока на идното потпишување на Договорот за размена на информации за царински прашања, за што ќе следува процес на утврдување на текстот на договорот на институционално ниво.

Соговорниците изразија подготвеност да се почне со процес на консултации и размена на мислења во насока на креирање на правна рамка која ќе го регулира избегнувањето на двојното оданочување помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ пад на планираните инвестиции

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска