Постигнат договор за одмрзнување на 10% од банкарските депозити на Банката на Кипар

Од:

Кипарските власти се согласиле со тројката меѓународни кредитори на Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за одмрзнување на 10 проценти од активите на банкарските депозити над сто илјади евра во Банката на Кипар, објави весникот „Филелефтерос“.

Декретот за одмрзнување на активите ќе биде објавен денеска од Централната банка на островот.

Претставник на банката потврди дека тоа е одлучено на состанок со тимот на Тројката. Тој нагласи дека биле направени напори за одмрзнување на 40 проценти од депозитите, но доверителите бил бескомпромисни.

Јанкос Димитриу изрази надеж дека откако ќе бидат разгледани работите Тројката ќе биде разубедена и ќе ги одмрзне останатите 30 проценти од активите.

Денеска се очекува да завршат преговорите, што кипарските власти ги водат со Никозија за постигнување на кредитен договор. Еврогрупата одобри спасувачки пакет во вредност од 10 милијарди евра, додека првата транша од заемот се очекува на почетокот на мај.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар