Португалскиот премиер најавува нови економски мерки

Од:

Португалскиот премиер Педру Пасуш Коелјо изјави дека има планови за зголемување на возраста за пензионирање од 65 на 66 години и намалување на 30.000 државни службеници во рамки на серија мерки за заштеда на 4,8 милијарди евра во следните три години.

Коелјо во телевизиско обраќање синоќа нагласи дека новите мерки се потребни за да гарантираат дека Португалија нема да има потреба за нов економски пакет за спас.

Португалија доби 78 милијарди евра во 2011 година за да се спаси државата од банкрот. Со мерките е предвидено и зголемување на работните часови на државните службеници од 35 на 40 часа неделно и зголемување на социјалните издатоци. Невработеноста е 17,5 отсто, а Владата е со прогноза за 18,5 отсто во следната година.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски