Португалија во најлоша рецесија во изминатите 37 години

Од:

Португалската економија е забавена за 3,2 отсто во 2012 година што е најголем годишен пад од 1975 година, соопшти денеска португалската Агенција за статистика.

Португалија спроведува опсежни мерки за намалување на долгот кои опфаќаат зголемување даноци и намалување плати и пензии во замена за меѓународни кредитни линии од 78 милијарди евра, договориени во мај 2011 година.

Такво забавување на економијата е последица на падот на личната потрошувачка и слабиот раст на извоз со намалувања во економијата во последниот квартал за 3,8 отсто. Невработеноста во Португалија е 17,6 отсто што е трета најголема стапка во ЕУ, по Грција и Шпанија. Португалската економија регистриаше пад во 2011 година за 1,6 отсто, а Владата за следната година прогнозира пад за два отсто.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски