Помалку продажби и закупи на имот, а повеќе хипотеки

Од:

Податоците од Регистарот на цени и закупнини покажуваат дека во периодот октомври-декември лани се регистрирани 7.411 трансакции, од кои 5505 продажби на недвижности и 1906 закупи на недвижен имот.

Споредено со последните три месеци од 2019 година, кога имало 6.204 продажни, нивниот број во последните три месеци од минатата година е намален за 699.

Намалување има и кај закупите на недвижен имот. Во четвртиот квартал лани се регистрирани се 524 помалку закупи, во однос на последниот квартал од 2019 кога имало 2430.

Купопродажбите во последниот квартал лани се во вредност од 231 милиони евра, а од нив 4576 се продажби со вредност од 182 милиони евра.

Регистрирани се 19 лицитации во вредност од 0,7 милиони евра, 825 купопродажби од инвеститори во вредност од 48 милиони евра, како и 105 откупи од државата со вредност од 0,4 милиони евра.

Во последните три месеци од 2020 година имало 745 закупи на станови, за 85 помалку од регистрираните во последниот квартал 2019, како и 223 закупи на куќи, исто така помалку во однос на четвртиот квартал 2019 кога имало 310.

Помалку се закупувало и земјоделско земјиште, односно по тој основ имало 100 закупи помалку во периодот октомври-декември 2020 кога се регистрирани 149, однос на истиот период од претходната година, кога имало 254.

Исто така помалку се закупувало и градежно земјиште, во четвртиот квартал лани имало 31, а 48 во истиот период во 2019.

Во последниот квартал лани се запишани 2338 хипотеки на недвижности во вкупна вредност од 13.415.892 евра или 458.350.801 денар.

Центарот за катастар на недвижности запишал 623 хипотеки во вредност од 3,9 милиони евра, додека во 29-те катастарски одделенија низ државата 1.765 хипотеки, со вредност од 9,4 милиони евра, покажуваат податоците од кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности.

Впишаните хипотеки во последниот квартал лани споредено со претходниот квартал по број се зголемени, но се со значително помала вредност, со оглед дека во третиот квартал лани биле впишани 1898 хипотеки од 1,17 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он