Поедноставна процедура за пријава на работници на определно време

Од:

Се поедноставува процедура за продолжување на договор за работници на определено време, со што работодавачот повеќе нема да има потреба при се кое продолжување на договорот да поднесува одјава и пријава.

Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување соопштија дека на барање на бизнис заедницата ја ревидирале и усогласиле процедурата за пријавување и одјавување на работници во фирми на кои договорите за работа на определено време им се продолжуваат без притоа да има прекин во работниот однос, во насока да не се врши одјава и пријава во работен однос со нов датум.

Новината ја соопшти министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и според него со измените се напушти праксата да овие вработени се одјавуваат, па потоа повторно се пријавуваат во ист ден, во случаи кога се работи само за продолжување на нивната работа на определено време, и тоа на истото работно место и во истата фирма.

Во случај работодавачот ако сака неговиот работен однос да го продолжи без прекин, тоа може да го направи со склучување на нов договор за вработување или анекс на постојниот договор.

Прв пат поднесената пријава во задолжително социјално осигурување важи се додека трае работниот однос но работодавачот не треба да поднесува одјава и пријава при секое продолжување на договорот за вработување на определено време, онаму каде што нема ниту еден ден прекин на осигурувањето рече министерот Ристовски.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата