Почнува проект во НБРМ финансиран од ЕУ

Од:

Во партнерство со националните централни банки на евро-системот, Европската централна банка почна со спроведувањето на проектот „Анализа на потребите на НБРМ“  во соработка со централната банка на Македонија. Инаугуративниот состанок се одржа вчера, а го предводеше гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Со „Деветмесечниот проект за анализа на потребите“, кој е финансиран од ИПА инструментот на ЕУ,  ќе бидат утврдени областите во кои НБРМ би можела да оствари напредок во текот на наредните години во поглед на постигнување на стандардите за централните банки во ЕУ. Резултатот од проектот ќе овозможи на НБРМ да ја оформи својата идна стратегија за приклучување кон Европскиот систем на централни банки, а потоа и кон евро-системот, по пат на ревидирање на законската рамка, усвојување и спроведување нови политики и практики или обука на кадарот.

Како што соопшти НБРМ, на состанокот партнерите во проектот се договорија за методологијата што ќе се користи при анализата на потребите, што ќе покрие десет различни области како сметководство, банкноти, економска анализа и истражување, човечки ресурси, информатичка технологија, внатрешна ревизија, правни услуги, монетарна политика и политика на девизниот курс, платни системи и статистика.

Проектот почна на 15 октомври 2012 година, ќе го спроведува ЕЦБ во партнерство со централните банки на Германија, на Естонија, на Ирска, Шпанија, Италија,

Малта, Холандија, Австрија, Словенија и на Словачка. Централната банка на Бугарија, исто така, ќе обезбеди експерти за проектот. Проектот е финансиран од Европската унија, што додели 405.000 евра од Инструментот за претпристапна помош и НБРМ, која обезбеди 45.000 евра како кофинансирање.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво