Почнува изградбата на затворен пазар во Виница

Од:

Во Виница денеска беше означен почетокот на градежните работи на новиот затворен пазар, лоциран на местото на стариот во централното градско подрачје.

На свеченоста, на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, беше истакнато дека на површина од 1.800 квадратни метри ќе се изгради современ објект со вредност од 25 милиони денари.

-Ова е еден од најзначајните капитални објекти за граѓаните од Виница и од околните места во регионот, затоа што ќе биде наменет за земјоделските производители и за трговците од целиот регион. Како Влада, се обврзавме да ја зајакнеме децентрализацијата и да овозможиме максимално можен трансфер на надлежностите од централно на локално ниво, а сето тоа со трансфер на финансиски средства за нивно извршување. Во нашиот фокус се проектите што се приоритет токму за граѓаните од општините, а во тие рамки е и нашата одлука за пренамена на прераспределбата на средствата од ТАВ, во висина од 35 милиони евра, со кои ќе се финансираат 95 проекти во 75 општини во сите плански региони, потенцираше премиерот Заев.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров нагласи дека ќе се изгради современ објект на две нивоа што граѓаните го очекувале повеќе од три децении, а сега станува реалност.

-Во затворениот дел на новиот пазар се планирани дуќани за продажба на овошје, зеленчук, млечни и месни производи, додека на отворениот дел ќе се постават тезги за продажба на секаков вид производи. Пазарот ќе обезбеди оптимална функционалност, со примена на потребните стандарди за ваков вид комерцијални објекти. Притоа се води грижа и за сите придружни потреби на граѓаните, како што е паркинг простор и пријателски пристап за лицата со посебни потреби, истакна Димитров.

Според потпишаниот договор со изведувачот „Пормонтинг“ од Скопје, новиот градски пазар во Виница треба да биде завршен во период од една година.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница